April 19, 2024, 11:21 pm

„СУПЕРТРЕЈД“ МУ ГИ ЗЕМА ТЕНДЕРИТЕ НА „ПУЦКО ПЕТРОЛ“: Дојде живот за бензинската „Супертрејд“ – за една година 38 тендери вредни 5.2 милиони евра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Супертрејд“ годинава драстично ја зголеми работата со државни тендери. Колку е енорма промената на позицијата на „Супертрејд“ се гледа од јавно достапниот податок дека годинава добил четири од своите пет најголеми тендери што ги добил од 1 јануари 2008 година до 30 октомври годинава. Дури три од нив добил од „Македонијапат“.

Скопската компанија „Супертрејд“ од почеток на годинава па до 30 октомври добила тендери за снабдување на буџетски корисници и државни органи и компании во вкупна вредност од 5,3 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од истражувањето на „Фактор“ во кое беа опфатени податоци за тендери достапни на агрегаторот на вести time.mk. Во истражувањето се опфатени сите јавни набавки со вредност од најмалку 20.000 евра. При тоа во пресметката се изземени јавните набавки за авионско гориво и за природен гас, а изземена е и најголемата јавната набавка во која „Пуцко Петрол“ го доби снабдувањето на ЈСП Скопје за 15 милиони евра од причини што овој тендер повеќе кратно ги надминува вредностите на сите другите тендери кои биле распишани од почеток на годинава па до 30 октомври. Овие изземања ги направивме со цел да добиеме што е можно пообјективни резултати.

Споредувани се резултатите на 7 компании кои конкурираат на тендери на државни органи , буџетски корисници и државни компании. Од нив произлезе дека „Супертрејд“ е „махер“ за добивање државни тендери односно најуспешна компанија во добивање јавни набавки. Затоа што има подобри резултати од многу поголемите компании конкуренти „Макпетрол“ и„Лукоил“.

Колку пораснала работата на „Супертрејд“ од државни тендери?

Во споредба со истиот период лани (1 јануари до 30 октомври 2017 година) „Супертрејд“ годинава добил четири пати повредни тендери. Соодносот е 5,3 милиони евра наспрема 1,4 милиони евра во истиот период лани (набавки поголеми или еднакви на 20.000 евра).Годинава „Супертрејд“ добил 38 тендери со вредност од најмалку 20.000 евра , а меѓу нив најголеми се двата тендери од „Македонијапат“ на вкупна вредност која надминува 2,2 милиони евра и еден тендер од МВР кој надминува 887.000 евра.

Многу е интересен податокот за тоа што од најголемите 10 тендери по период од безмалку 11 години (јавни набавки со најголема вредност од 1 јануари 2008 година до 30 октомври 2018 година) дури 5 највредни тендери „Супертрејд“ ги добива оваа година. Дури 4 од 5 најголеми тендери што ги добил „Супертрејд“ во период од речиси 11 години се четирите тендери кои ги добил оваа календарска година.

Најголемиот тендер што „Супертрејд“ го добил годинава е 1,295 милиони евра, лани најголемата набавка што ја добил е 367.240 евра, а во 2016 година најголемиот тендер што го добила компанијата бил 328.210 евра. Во 2015 година најголемиот тендер бил нешто над половина милион евра и тој го добил од „Македонијапат“ –државната фирма од која ги добил и најголемите два тендери.

Табеларен преглед на резултати на истражувањето според критериуми:
-тендер со вредност од најмалку 20.000 евра
– изземени тендери за авионско гориво и природен гас
-изземен најголемиот тендер годинава кој е дестпати поголем од вториот најголем тендер годинава се прикажани во следната табела:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This