March 28, 2024, 11:00 am

СУРОВ ПРЕДЛОГ ЗА БРАК: Маж глуми дека е повреден, па ја запросува саканата која е медицинска сестра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Маж на суров начин ѝ го постави судбоносното прашање на својата сакана и предизвика разни реакции.

Тој се преправаше дека е тешко повреден и со помош на медицински тим беше пренесен до болницата во која работи неговата девојка.

Во видеото, загрижената медицинска сестра плаче додека нејзиниот сакан лежи на носилката.

„Душо, ти ми си сè. Ти си сè за што се надевав. Ти си првото нешто на кое помислувам наутро. Сакам да знаеш колку многу те сакам и имам едно прашање за тебе: Ќе се омажиш ли за мене?“ – ѝ вели тој, додека станува и клекнува на едно колено пред неа.

Одговорот на изненадената и шокирана девојка секако беше „Да“, но следеа зборовите „Ќе те убиам! Многу ти сум лута. Никогаш повеќе да не ми го правиш ова“.
Како би реагирале вие на ваков предлог?

https://www.facebook.com/DailyMail/videos/3426308390762218/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This