СЦЕНАРИОТО Е РЕДЕФИНИРАЊЕ НА ДРЖАВАТА: Сите заедно ќе докажеме и дома и надвор дека овде живее достоинствен народ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од 900 дена поминаа од минатите избори и исто толку после големиот митинг што го имавме во Охрид за изборите 2014-та, избори на кои победивме со огромна разлика, а нашиот политички противник не сакајќи да се соочи со реалноста дека народот не ги прифаќа и не ги поддржува односно не им верува, одби да ги прифати резултатите од тие избори и тргна во спроведувањето на сценариото чија крајна цел конечно јавно се откри после еден куп перипетии и игри, конечно стигнавме да го слушнеме директно она што сите ние го знаевме, а некој можеби и не сакаше да го поверува, но сепак се испостави дека е точно, истакна на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид лидерот на партијата, Никола Груевски.

gruevski-ohrid-640x309
Груевски рече дека сценариото кое опозицијата две години го спроведува во државата е сценарио за редефинирање на државата и сценарио за воспоставување некоја нова држава која, како што рече, којзнае како ќе заврши на крај.

-Многу сериозна изјава на лидерот на опозицијата за да помине туку така. Пресериозен и прегласен збор за да остане нечуен и да остане неказнет. Веќе на сите им е совршено јасно се. Дури и на поддржувачите на опозицијата им е јасно дека биле изигрувани и дека и бомбите, и протестите, и шаторите, и Диво Насеље, и закрвувањето на македонците меѓу себе, се било и сеуште е, едно големо сценарио против нашата држава и ништо друго. Опозицијата наместо коректив на власта се претвори во симбол на деструкција во државата. Пробаа се. Беа подготвени да се соединат со секого само за да дојдат на власт. Не им беше важно дали народот ги сака или не, дали им верува или не. За нив друго беше побитно. Секогаш кога ќе се потпреш на друг, а не на тој што треба – на народот, секогаш губиш. Тие го потценија нашиот народ нарекувајќи го со погрдни зборови, рече Груевски.

Тој нагласи дека народот на овие избори ќе им докаже на сите дека не може на сила, со закани и уцени да се наметнуваат решенија кои немаат поддршка од народот и се спротивни на националните и државни интереси.

-Сите заедно ќе докажеме и дома и надвор дека овде живее достоинствен народ кој знае да каже НЕ кога се работи против неговиот и против државниот интерес, дека не може да се добие доверба без да се понуди реална и остварлива програма. На овие избори освен тоа што треба да се гласа за нас, со тоа треба да се гласа и против опозицијата и така, со гласот против опозицијата ќе докажеме дека само граѓаните одлучуваат за оваа земја, а не некој друг, за иднината на овој народ одлучуваат само граѓаните на оваа држава. Со нив може да има промени, но само промени на полошо, со промена на името без и воопшто да се преговара, промена со воведување на двојазичност на целата територија и јасни сигнали за федерализација и кантонизација на Република Македонија, рече Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This