СЦЕНАРИО ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА УБИЈЦИТЕ НА САЗДО: Над убијците на Саздо ќе се врши психијатриско вештачење!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По наредба на јавниот обвинител, ќе се врши медицинско психијатриско вештачење на убијците на Никола Саздовски- Саздо, велат од Основното Јавно Обвинителство.

Во притвор во затворот во Шутка се наоѓаат само двајца осомничени за убиството, додека третиот напаѓач, се уште е во бегство. Минатата недела во петокот по речиси еден месец молк и не ажурност на полицијата се распиша меѓународна потерница за третиот осомничен Јетон Лужа.

Обвинителството претходно откако обезбеди вештачење од Институтот за судска медицина го преквалификува делото од насилство со смртни последици во убиство на свиреп начин. Убијците на Саздо изјавиле дека без никаква умисла го нападнале Саздо, поради ривалството помеѓу навивачките групи, Комити и Шверцери.

Барањето на ОЈО за психијатриско вештачење на убијците отвора сомнеж дека можеби станува збор за обид за спас и ослободување на напаѓачите под изговор дека тие имаат психички проблеми. Сомнежите и стравот станува уште по реален кога ќе ги земеме во предвид шпекулациите во јавноста дека лицата кои го нападнаа младиот Саздо се блиски до пратеникот на ДУИ, Артан Груби.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This