Сѐ уште нема исплата на помошта од 6.000 денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од Македонската банкарска асоцијација велат дека исплатата на средствата кои се предвидени со мерката за финансиска помош од 6.000 денари, сѐ уште не е започната и истата ќе започне веднаш откако ќе ги добијат и обработат податоците и ги добијат средствата, согласно листите за исплата, за што ќе има и официјални најави.

Во изминатиот период банките интензивно работеа на создавање предуслови за реализација на споменатиот проект.  Во таа насока, банките потпишаа договори со Владата и подготвени се да почнат со исплата на средствата веднаш откако ќе ги добијат и обработат податоците и ги добијат средствата, согласно листите за исплата. Во моментов, исплатата се уште не е започната, и ќе следуваат официјални најави штом сите услови се исполнети, наведуваат од Македонската банкарска асоцијација

Дотогаш, ги повикуваат граѓаните – корисници на оваа мерка, поради заштита на јавното здравје, да се воздржат од посета на филијалите и експозитурите на банките.

Сакајќи да имаме уште еден успешно спроведен проект, кој овојпат има значително пократок рок за реализација, нагласуваме дека сите банки во целост ги ставаат на располагање своите филијали и вработени, притоа до одреден степен ставајќи ги во втор план активностите кои се дел од секојдневното работење, наведуваат од МБА.

Активностите, како што посочуваат, се веќе интензивно започнати преку повикот до граѓаните за ажурирање на личните податоци што е законска обврска и услов за исплата на средствата па веќе се забележува поголема фреквенција на клиенти во филијалите на банките и обраќања кон Контакт центрите. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This