СЈО БАРА ПОБЛАГА МЕРКА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ: Камчев, Панделески, Мирчевски, Јосифовиќ и Арсовска излегуваат од Шутка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, Цветан Панделески, директорот на комбинатот „Пелагонија” и Тодор Мирчевски, директорот на компанијата „Ексико” осомничени во случајот „Империја” мерката притвор да им се замени со мерка куќен притвор. Ова е предлогот што СЈО го достави до судот откако обвинетите побараа мерката притвор да им биде заменета со поблага мерка за обезбедување на присуство во текот на истрагата, потврдуваат од СЈО, пренесува порталот МКД.

Од таму, како што велат во интерес на постапката, не даваат конкретен одговор кои се причините поради кои СЈО се одлучило на ваков чекор и што е причината специјалните обвинители да го промени мислењето и да дадат позитивен одговор на барањата на обвините за ублажување на мерката.

Мислење недостасува уште за ексшефот на УБК, Сашо Мијалков за кого исто така има побарано преиначување на мерката притвор во поблага мерка.

Одлука за побараната мерка, а по даденото мислење на СЈО треба да донесе судот.

Во истрагата за „Империја”, осомничени се 8 лица: ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, мајката и сестрата на Орце Камчев, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Владислав Стајковиќ, ексдиректорот на компанијата „Финзи” преку која одеше набавката на израелската опрема за прислушување, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев, Јованче Тасковски и Лилјана Гајдовска

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This