ЗАЕВ ВО ПОТРАГА ПО НОВА ФАТИМЕ ФЕТАИ: Сега ќе се обиде да монтира случаи и преку Арафат Муареми, новиот директор на Финансиска полиција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ е исплашен дека ги губи изборите и му треба час поскоро уште едно СЈО. Ефектот од работата на Катица Јанева, очигледно дека не е доволен да го покрие хаосот што го креира Заев и сите антидржавни одлуки што СДСМ ги носи на штета на Македонија

 

Според сите истражувања на јавното мислење, СДСМ е во слободен пад и се топи поддршката од граѓаните. Цената што ја плаќа Заев од договрот со Бугарија, Законот за двојазичност, задолжувањата, запирање на покачувањето на пензиите ја урнаа довербата меѓу Македонците. Затоа стратезите на СДСМ проценија дека итно се потребни спектакуларни апсења и политички прогон со кој би се покривале скандалите.

Како што станува се појасно дека назначувањето на нов Јавен Обвинител нема да се совпадне со планот на СДСМ за континуирано гонење на членовите на ВМРО токму пред локалните избори, дознаваме дека е најдено решение во назначуваето на Арафат Муареми, истражител од СЈО, за директор на Финансиската Полиција. На минатата седница на Владата откако е назначен за директор од страна на Заев, дадена е насока до министерот за финансии да го зголеми за 4 пати буџетот на оваа институција.

Целта на зголемениот буџет е политичкото конструирање на идните случаи против ВМРО да се спродевува токму преку Финансиската Полиција и преку Албанец како директор за да се прикаже во јавноста дека не се гонат функционерите на ВМРО преку партиски кадровски решенија на СДСМ. Дека институцијата ќе има зголемен буџет и дека ќе се занимава исклучиво со отпочнатата и незавршена хајка на СЈО, според наши сознанија признал и самиот Арафат пред потесниот колегиум на оваа институција.

Останува само Арафат доколку дозволува времето да ја заврши обуката за ПР настап во една прекуокеанска земја како неговата екс колешка Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска. Таму треба да ги увежба драматични настапи на прес конференциите на кои ќе ги најавува наводните финансиските злоупотреби. Дел од медиумите под контрола на СДСМ неодамна објавија дека “болката” од неназначувањето на нов Јавен обвинител е всушност неможноста на Оливер Спасовски да го стави под тотална партиска контрола Одделот за организиран криминал во МВР, чии припадници се ангажирани како истражители на ОЈО. Припадниците на овој оддел и во најтешките периоди на злоупотреба на МВР од страна на Спасовски успеаја да ги реализираат случаите со лажните лични карти на Чаушот, дрогата на Сетко Рахиќ и други во кои сторителите и нарачателите на кривичните дела беа од највисокото раководство на СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This