СЈО ДОБИЛО НОВИ НАРЕДБИ: Иако надвор од законскиот рок, на прес конференција ќе објавуваат нови обвиненија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако уште од 30 јуни 2017 година истече рокот од 18 месеци што СЈО го имаше за да ги состави обвиненијата, според добро упатени извори до Катица Јанева стасана е директна наредба во најкус може рок да излезат со нова прес конференција и ново обвинение надвор од законскиот рок.

Во услови кога се прекршуваат многу други закони, стратезите во власта процениле дека и ова прекршување ќе помине незабележано во јавноста, а ќе се постигне ефектот за дефокусирање на граѓаните. Ова особено е потребно во пресрет на посетата на Коѕијас на Македонија, најавена за 22 март на која тој на Владата ќе им го достави пакетот барања на Грција поврзани со името на државата, уставните измени и идентитетските прашања.

Ако се има предвид дека една недела подоцна е закажана средба со медијаторот Нимиц во Виена, тогаш јавноста со право се плаши дека пакетот на Нимиц е свршен чин за кој се договорија Зоран Заев и Алексис Ципрас.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This