СЈО ДОБИ УКОР ОД СОВЕТОТ НА ОБВИНИТЕЛИ: Јасно е како солза, Јанева и Фетаи го навредија судот и треба да се повлечат од тој предмет!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Катица Јанева би требало да назначи нови обвинители да го водат предметот за наводен напад во општина Центар, откако поради непочитување на судот таа и Фатиме Фетаи заработија кази од 4.000 евра

janeva-anevski-640x482

Специјалните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи го прекршиле етичкиот кодекс на јавните обвинители со нивното однесување на судењето на 22 февруари за насилството во Општина Центар кога беа казнети со 4.000 евра.

Ваков заклучок донесе Советот на јавни обвинители кој вчера расправал по претставката на судијката Татјана Михајлова.

Претседателот на Советот, Петар Аневски, рече дека специјалните обвинителки го навредиле судот и дека ѝ препорачал на Катица Јанева да определи друг обвинител да го застапува овој предмет.

katica-fatime-107809

– Донесовме заклучок дека специјалните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи го прекршиле етичкиот кодекс на јавните обвинители на Република Македонија. Исто така, дадовме препорака до јавниот обвинител Катица Јанева дека ќе треба да ја разгледа можноста за определување друг јавен обвинител за застапување на тој предмет каде што се обвинети поранешниот премиер и други лица за кривично дело насилство – рече Аневски.

Според него, нема дилеми дека Фетаи и Јанева со нивното однесување го прекршиле кодексот.

– Доколку постапуваат незаконито, ние ќе ги критикуваме и секако дека ќе сносат последици ако е обратно ќе ги штитиме. Во овој случај прекршен е кодексот и нема дилеми. Чисто е како солза – рече Аневски.

Тој рече дека Фетаи и Јанева ги прекршиле основните начела на етичкиот кодекс и посебно членот 14 каде што се регулирани односите меѓу судот и јавните обвинителства.

– Имаше погрдни зборови кон судијата, недолично однесување со навреди итн. Јас сум 31 година во јавно обвинителство и ова досега не се случило – рече претседателот на Советот.

На новинарско прашање дали расправале и за тврдењата на Фетаи и Јанева дека судијката направила фалсификат на записникот од претходното рочиште, Аневски рече дека за Советот тоа не било важно. Според него, важно било однесувањето на јавните обвинители.
Аневски не одговори на новинарските прашања дали Советот расправал за предметите „Пуч“ и „Сопот“.

Инаку, седницата за претставката за „Пуч“ и за „Сопот“ требаше да се одржи во вторникот, но беше одложена без образложение. Од Советот ги информираа новинарите дека седницата ќе се одржи денеска, но повторно беше одложена. Аневски во денешната изјава, пак, пред новинарите кои чекаа пред зградата рече дека седницата се одржала вчера.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This