СЈО Е САМО ЕДЕН ВИД НА ИНСТРУМЕНТ ВО РАЦЕТЕ НА НЕКОИ ЦЕНТРИ НА МОЌ: СЈО е дел од системот кој во изминативе три години изврши удар врз темелите на државата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СЈО од самиот почеток беше една политичка креатура, политичка творба, квази политичка институција практично која што немаше врска со правда и со право, туку беше само еден вид на инструмент , изјави во вчерашното издание на Само Вистина на Канал 5 Телевизија, политичкиот аналитичар Тони Науновски.

Тие беа само еден обичен инструмент во политичка битка со политички непријатели и СЈО беше едно камче во мозаикот од сиот оној комплекс на моќни фактори, центри на моќ кои што во изминативе три години направија еден невиден брутален атак врз темелите, врз самите структурни основи на нашата држава, Република Македонија, истакна Науновски
Тој потенцираше дека СЈО која беше формирана како политички договор, правна институција која што треба да се темели на принципите на правдата и на правото, не може да биде формирана со политички договор макар и концензус како што тоа беше случај.

Пред 3 години се случија тотални продори, нелегални незаконски продори во сите институции преку политички договори, заменски министри, СЈО, сиот практичко пакет од пржинскиот договор, додаде Науновски

Според Науновски пржинскиот договор беше против институциите, против системот, против уставот и ние сега консеквенциите кои што ден денес веќе долги години понатаму ќе ги трпиме, за жал ќе бидат во секоја смисла негативни за стабилноста и суверенитетот конечно и правен и уште повеќе политички на нашата држава.

 

https://www.youtube.com/watch?v=ywlt3I8_cl0&feature=youtu.be

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This