March 28, 2024, 10:42 am

СЈО како „златна кокошка“: Стотици илјади евра од СЈО отишле и кај државни функционери и луѓе од СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СЈО златна кокошка за функционерите од власта. Покрај обвинителите, се офајдиле и хонорарци, кои во исто време биле и директори во државните институции.

Речиси 40.000 евра на име хонорар од СЈО земал командантот на „Алфите“ Примислав Димовски. Во периодот од мај 2016 до август 2019-та година на сметката на Димовски биле извршени 84 исплати, 42 од по 15.705 денари и 42 од по 42.000 денари.

Нешто помалку од 33.000 евра од Специјалното јавно обвинителство, добил и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски. Во период од 3 години на неговата сметка на име хонорар од СЈО имал 71 исплата.

Ќар од Обвинителството на Јанева имал и директорот на Финансовата полција, Арафат Муареми. За две години, преку 48 исплати добил нешто повеќе од 26.000 евра.

Својата финансиска среќа во Специјалното јавно обвинителство не ја пронајдоа само директорите од власта, туку и децата на дел од функционерите. Од таму „дебело“ се офајдил и Стојан Ангелески, син на судијката од Кичево, Мира Ангелеска. Тој во периодот од мај 2016-та до септември 2019-та низ 24 исплати добил 30.000 евра.

Речиси 20 илјади евра добила Берниса Рахиќ, ќерката на директорот на истражниот затвор Скопје и поранешен пратеник, Есад Рахиќ. Таа во период од октомври 2016-та до септември годинава, имала 35 пати прилив на својата сметка.

Нешто поскромна била ќерката на поранешниот директор на ЕЛЕМ Сашо Василевски. Марија Василевска, за 2 години, од мај 2017-та до септември 2019-та, добила 37 исплати од СЈО во вкупнен износ одф околу 14.000 евра.

На платниот список кај Јанева, може да се најде и името Давид Неделков, син на поранешната претседателка на Врховниот суд, Лидија Неделкова. Тој има слична заработувачка како и Василевска, добил нешто повеќе од 13 и пол илјади евра.

Од сметката на СЈО убаво се „офајдила“ и Катерина Тунџева, ќерка на директорот на Катастар, Борис Тунџев. На нејзината сметка легнале нешто повеќе од 20.000 евра.

Покрај обвинителката во СЈО, Елизабета Јосифоска, „дебели“ пари од таму земала и нејзината ќерка Елена Јосифоска. Таа за својот ангажман во Обвинителството преку 42 исплати, добила речиси 30.000 евра.

Сите податоци за исплатите на Специјалното јавно обвинителство, освен платите на обвинителите, се јавно достапни на платформата „Отворени финансии“, која Владата ја промовираше пред неколку дена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This