СЈО КАКО ПАРТИСКИ ШТАБ НА СДСМ: Од каде протекуваат информации пред време?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како и пред секоја помпезно најавена прес- конфренција на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), така и денеска во сдсмовските медиуми пред време протекуваа информации за тематиката на пресот.

glas-640x464

Обвинителство на својaта фејсбук страница ја најави прес конференцијата без да соопшти дополнителни детали. Како и многу пати досега, така и денеска сдсмовски медиуми веќе споделуваат информации за тоа со какви случаи ќе излезе СЈО.

За експертите е скандалозно тоа што Специјалното јавно обвинителство, ден порано најавува прес-конференција и од тоа прави спектакл.

Партиската параинституција на СДС, олицетворена во СЈО, во недела се потерала да напише известување до медиуми дека во понеделник ќе имале прес конференција. И сето тоа, од страна на соросовите медиуми, и секако телевизијата на Заеви, е доволна причина за правење на медиумски спектакли и нарачани вести. Прво, какво е тоа обвинителство, ако не исклучиво чисто партиско и политичко мотивирано кое на фанфари најавува прес конференции уште ден порано. Второ, таквите најави се дознаваат на социјалните мрежи уште пред да биде пуштено официјалното известување кое во нормална држава има функција на техничко известување, а не правење на политичка тема.

Србов додава дека СЈО со својата работа нема ниту „п“, од право, но има „П“ од партија. Сигурно, по  „спектакуларната“ прес конференција ќе најават и ќе побараат мерки за претпазливост или обезбедување на оние кои се предмет на истрага. Па нели со ваквите известувања ден порано се загрозува истрагата, постапуваат непрофесионално и најавуваат уште 24 часа претходно што ќе се случи во наредниот период.

-Како е можно дел од луѓето блиски од СДС на своите ФБ профили да споделуваат информации за тоа со какви случаи утре ќе излезе СЈО. Ова е сериозна злоупотреба. Се поставуваат прашања: од каде знаат, зошто СЈО е партиски штаб на СДС, зошто се се пренесува што се работи, дали ова не е доказ дека директивите до СЈО доаѓаат од СДС? Од каде знаат нивните луѓе дека утре ќе се работело тема за финансирање на партија или изградба на автопатишта…Се со цел да се оцрни ВМРО и да се нанесе штета. Без докази, без аргументи, без било каква почитувана правна процедура. Чисто политички потег. Петто, можеби и најважно, рокот во кој треба да испорача резултати СЈО го гази немилосрдно. Луѓето од оваа партиска испостава и инструмент се длабоко во паника, пишува Србов.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This