СЈО КАКО ПОЛИТИЧКА ИСПОСТАВА: Екс-функционерите на ВМРО-ДПМНЕ треба да си ја докажат невиноста, но тоа не е возможно со политизирано судство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето интервју за Радио Слободна Европа, истакна дека СЈО како институција е формирано со политичка одлука, а земајќи го во предвид фактот дека во Специјалното Јавно Обвинителство не се води случај против ниту еден функционер од друга политичка партија, факт е дека се користи за политичка пресметка. Николоски напомена дека во ниту еден од случаите не се води предмет за директна корупција, а кога ќе се земат сите податоци поврзани со предметите во обзир, јасно е дека во нив има многу помалку право, а многу повеќе политика.

 

-Во однос на СЈО има две работи кои што се непобитен факт. Прва работа е дека СЈО беше политички формирано со политички договор. Втората работа е дека со еден исклучок, нема ниту еден случај против било кој друг освен функционери на ВМРО-ДПМНЕ, што значи дека е чисто партиски напад. И трето, во клучните случаи против поранешното раководство, една е перцепцијата во јавноста, друга е реалноста. Никој од нив не се гони за директна корупција, затоа што тогаш би требало да се предложи конфискација на нелегално стекнат имот кој што го немате. На пример, еве имате една првостепена одлука, никаде таму нема конфискација на имот. Кога ќе ги споите сите три работи ќе видите дека таму има повеќе политика, а многу помалку право. Јас би бил посреќен кога било обратно, кога ова не би било политичка тема и кога би можел судот непристрасно да одлучи. За жал, гледаме обратна ситуација и не можеме да не констатираме дека е политичка, вели Николовски.

 

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека сите обвинети треба да ја докажат својата невиност на суд, со цел да се избегне товарот на амнестијата, а дека можеби биле виновни, но добиле милост. Николовски верува дека екс функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги гони СЈО се невини, а за тие да ја докажат својата невиност правосудството мора да се деполитизира.

 

-Јас лично сум сите луѓе кои се обвинети да си ја докажат својата невиност на суд, за да не им стои товар цел живот дека можеби биле виновни ама добиле некаква милост односно добиле амнестија. Проблемот тука е како се поставува СЈО и како се поставува судот. Се уште имаат време да го променат тоа, затоа што најголем дел од случаите се во тек на судење, ние ќе го следиме тоа и соодветно на тоа ќе даваме коментари во иднина, вели Александар Николовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This