СЈО НЕМА ДОКАЗИ ВЕЛИ ГРУЕВСКИ: СЈО не предложи ниту еден материјален доказ, нивното обвинение се темели исклучиво на незаконски прибавени докази

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во четвртокот пред судот завршни зборови во спорот за случајот тенк имаше поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски. Тој кажа дека обвинителниот предлог се темели исклучиво на незаконски прибавени докази (аудио креирани материјали) врз основа на кои согласно член 12 став 2 од ЗКП не може да се заснова судска одлука.

– СЈО не предложи ниту еден друг доказ како материјален доказ, мој потпис на некој документ, или сведок кој на било кој начин би ме посочил мене со име и презиме. А имаше 15 сведоци на СЈО. Ниту еден документ кој како доказ го приложи СЈО го нема моето име. Ниту еден сведок не ме посочи за било што поврзано со оваа набавка. Освен претпоставките кои СЈО ги темели на селектиран дел од аудио материјалите прибавени со грубо и долгогодишно кршење на човековите права преку незаконско прислушување, чија автентичност не е потврдена, со оглед на тоа што воопшто не учествував во постапката за јавна набавка која е предмет на обвинението, аудио материјалите кои произлегуваат од неспорно кршење на човековите слободи и права загарантирани со Уставот на Република Македонија и ратификуваните меѓународни документи, се всушност единствениот доказ против мене и истите претставуваат докази обезбедени на начин спротивен на одредбите од Законот а Кривична постапка (ЗКП) и спротивно на Европската Конвенција за човековите права (ЕСЧП), кажа Груевски во своите завршни зборови.

Тој кажа дека прифаќањето на такви докази и евентуалната пресуда заснована врз нив противречи на барањата за правичност на судењето загарантирани Конвенцијата.

-Имено, темелењето на обвинението кон мене единствено врз докази добиени со кршење на човековите слободи и права преку незаконско следење на комуникациите без судска наредба и без судска контрола, покренува сериозни прашања за правичноста на постапката (види Hajrulahu v.версус FYR Macedonia § 108), бидејќи како што се покажа во текот на главната расправа, судењето е невозможно да биде праведно, ако не постои усогласеност со одредбите на ЕКЧП (види Lisica v. Croatia§ 47 и Imbrioscia v. Switzerland§ 36), кажа Груевски.

Тој напомена дека е јасно дека во конкретниов случај судењето не може да се смета за „правично“, како што се бара во член 6, доколку вината на некое лице се заснова единствено на доказ кој е добиен преку повреда на човековите права, односно не може да зборуваме за „правично“ судење доколку истото се темели на иницијална повреда на закон.

– Властите имаат обврска согласно член 1 од Европската конвенција за заштита на човековите права да „им ги признаваат на сите лица под нивна надлежност правата и слободите утврдени во делот I на оваа Конвенција.“ Или како во американското законодавство знае да се каже: плодовите на затруеното дрво се исто така затруени. Според ова, се наметнува обврска за судовите да не дозволат ниту пак да се осврнат на докази во судска постапка кои биле добиени спротивно на Конвенцијата. Ова е особено важно кај случаи каде таквите докази се единствениот доказ против обвинетите како во конкретниов случај. Логична последица при повреда на заштитеното право со Конвенцијата, е неприфаќање на доказите добиени на тој начин бидејќи кршењето на законот, со цел негово спроведување, е само по себе контрадикторно, кажа Груевски.

Груевски кажа и дека според тоа неприфатливо е судење и донесена пресуда да се сметаат за правични ако се темелат на неспорна повреда на Конвенцијата, а употребата на материјал кој произлегува од незаконско следење на комуникации во кривична постапка противречи на барањата за правичност на судењето загарантирани со член 6 став 1 од Конвенцијата.

-Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) по однос на ова прашање зазел став во случајот Schenk v. Switzerland во кој како доказ била користена аудио лента снимена од страна на приватно лице без наредба на истражен судија, што не било доволно судењето да се оцени како неправично. Во наведениот случај, се сметало за доволно тоа што обвинетиот знаел за снимките и околностите под кои тие се направени и имал можност да го оспорува нивното користење во постапката. Притоа, Судот како особено важен го вреднувал фактот дека спорните докази не биле единствените врз кои се засновала судската пресуда, в. Schenk v. Switzerland§ 48. Во случајот на г-дин Schenk, Судот поставил неколку критериуми за процена на правичноста на постапката, кои на преден план, ги истакнуваат правата на одбраната во однос на незаконски прибавените докази, како и околноста дали осудата била во целост или битно базирана на докази прибавени на ваков (противзаконит) начин, кажа Груевски пред судот.

Груевски напомена дека носењето пресуда со евентуално игнорирање на овие факти, непочитувјќи ги пресудите на ЕСЧП би било во спротивност со Законот за судови и би преставувало дисциплинска повреда.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This