April 26, 2024, 11:07 pm

СЈО НЕ СЕ ПОЈАВИЈА НА СУДЕЊЕТО ЗА ,,МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По барање на Специјалното јавно обвинителство, судијката Ленка Давиткова го одложи денешното рочиште за предметот за тројцата ексдиректори на „Македонски телеком“. Причина за одлагањето била обемноста на доказниот материјал на предметот. На денешното рочиште требаше да биде сослушан сведок на одбраната. Следното рочиште е закажано за 25 јануари следната година.

Унгарецот Атила Сендреи и членовите на тогашниот Одбор на директори во „Македонски телеком“: Германецот Ролф Плат, Гркот Михаил Кефалијанис и Унгарецот Золтан Кишјакус се обвинети дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс Холдингс Лимитид“ и на тој начин го оштетиле „Македонски телеком“ за речиси 4 милиони евра, а Буџетот за 2 милиони евра, бидејќи Владата во тој период поседуваше 47% од акциите во компанијата.

На сметка на фирмата во Кипар биле префрлани пари без одлука на Одборот на директори, а налозите ги потпишувале Сендреи, Ролф Плат и Кишјакус.
Обвинението против тројцата ексдиректори било поднесено во Основниот суд Скопје 1 во првата половина на 2011 година, а првото судење било закажано на 26 октомври 2011 година. Судот за Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус распиша меѓународна потерница во 2008 година.

Тројца ексдиректори на „Маѓар телеком“, Елег Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Морваи во паралелна постапка што се водеше пред унгарските власти за истиот случај беа обвинети дека во 2005 и 2006 година на македонски функционери им исплатиле мито од приближно 4,8 милиони евра за да ја одложат либерализацијата на телекомуницискиот пазар.

Ексдиректорите ги исплаќале парите како консултантски и маркетинг услуги.
Елег Штрауб и Андраш Балог во април, 2017 година се спогодија со окружниот суд во Њујорк и платија парични казни, а пет години им е забрането да вршат дејност во акционерските друштва. Штрауб плати 250 илјади долари, а Балог 150 илјади долари. Третобвинетиот во случајот, Тамаш Морваи се спогоди да плати казна од 60 илјади долари за фалсификување на книгите на компанијата поврзани со поткупот.
Аферата доби нова димензија по сведочењето на ексразузнавачот Слободан Богоески пред окружниот суд во Њујорк кое беше објавено јавно и за првпат во јавноста беа псоочени конкретни имиња. Богоески во сведочењето тврдеше дека мито од „Маѓар телеком“ зеле поранешниот премиер Владо Бучковски, како и функционерите од ДУИ Али Ахмети, Муса Џафери и Абдулхалим Касами. Ахмети и Џафери кои го тужеа Богоески за клевета и навреда го добија случајот на суд, но Апелацискиот суд ја укина пресудата.
СЈО водеше и предистражна постапка за случајот, која, најверојатно, ќе биде дел од тезата што ќе се обидат да ја докажат. Скопското Обвинителство долго време не му го даваше на СЈО предметот „Маѓар телеком“ со образложение дека не се поврзани ниту, пак, произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This