April 25, 2024, 10:52 am

СЈО ПОЧНА ДА ПРЕТЕРУВА: Во предметот „Талир“ СЈО презема дејствија, води истраги и предистраги по јули 2017-та, надвор од рокот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Aдвокатот Еленко Миланов во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма вели дека комулативен услов во правото е дека за нешто да се смета дека е исполнето треба да не се поминати 18 месеци од преземањето на предметите или од предавањето на материјалите. Според него, станува збор за предмети што ги отвори СЈО самостојно, го имаат условот од 18 месеци од преземањето, а што беше до 30 декември. Додека сите оние предмети кои што се преземени од основните обвинителства каде што беа предадени кривични пријави, по оформени предмети и снимени материјали, се предадени во СЈО на 4 декември.

-Јас мислам дека пред 4 јуни се поднесени само две обвиненија: “Транспортер” и “Шамарите во Центар”, останатите се на 29ти и 30ти. Така што, сите дуги предмети треба да влезат во оваа формулација што ја даде Врховниот суд, објасни адвокатот Еленко Миланов во врска со мислењето на Врховниот суд со кое го прогласува СЈО за ненадлежно да води истраги и предистраги по јули 2017-та.

Адвокатот Миленко тврди со иницијативата, како е можно во истиот момент во судот да има еднаков третман обвиненија од овластен тужител и обвиненија од неовластен тужител. Ова се однесува и за “Талир”.

-Токму тоа ни беше основата за оваа иницијатива. Затоа што за прв пат во предметот во кој што сум бранител, се сретнав со тоа дека се преземаат дејствија јавно и официјално, односно се поднесе обвинението за “Талир”, надвор од рокот. Toa беше основата за иницијативата. Така што, легитимно е да се донесе одлука. Затоа што веќе имаме на некој начин и се потврди обвинението за “Талир 1”. И тоа е основата, причината да Врховниот суд се произнесе дали може ова Обвинителство да се јави како овластен тужител со овој закон и во оваа ситуација, рече Миланов.

Тој и адвокатот Димитар Дангов имаат повеќе обраќања до ова јавно обвинителство, задолжително до судот, во врска со секоја наредба за претрес, во однос на одредени истражни мерки, за предмети во кои што се барало дури замрзнување на имот, притвори, мерки за претпазливост, а сето тоа е надвор од ингиренциите на СЈО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This