April 27, 2024, 12:29 am

СЈО по наредба на Заев yцeнyвaшe пратеници и рeкeтирaшe бизнисмени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Улогата на СЈО беше да улови што повеќе стопанственици и финансиски да ги рекетира. Но исто така да улови што повеќе пратеници и да ги уценува, да ги притиска да гласаат за смена на Уставот или за политички проекти кои му се битни на Заев, рече пратеникот Антонио Милошоски во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.

Тој посочи дека предмети беа отварани за пратеници кои после тоа се користеа да им се врши притисок за да гласаат за промената на Уставот на Македонија. Милошоски додаде дека кога се врше уставнитее промени на пратениците им беа упатени непристојни понуди, да гласаат за промените и за тоа тие ке им ги затвореле истрагите.

– На неколку пратеници им се отворија случаи за да се врши притисок. Бидејќи ние добивме индиректни понуди, и кога ќе има обвинителство тогаш тоа и ќе го соопштиме, доколку гласаме за смена на Уставот дека нема да има никакви истраги, рече Милошоски и додаде дека во некоја следна прилика ова ќе го кажам пред надлежен орган и дека тој нема да биде единствениот кој тоа ќе го направи, затоа што голем број од пратеници ќе го кажат тоа, но и дека нема да бидат само пратеници.
Тој истакна дека во денешно време обвинителството се користи за елиминација на секој кој што ќе му се попречи на патот на фамилијата Заеви.

– Во денешно време ако вие сте новинар, или сте пратеник, или сте стопанственик кој што ќе му го попречи патот или бизнис интересите или политичкиот интерес на Зоран Заев, или пак почнете да истражувате за негови наводни криминали или на брат му Вице Заев, обвинителството ќе биде искористено како политички инструмент за вам да ви направи штета. И со самото тоа да ве демотивира или да ве тргне од патот на интересот на финансиската фамилија на Заеви, потенцираше Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This