СЈО ПУШТА БОМБИ ПО НАРАЧКА: Како во јавноста протекоа личните снимки од одморот на Груевски?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако Никола Груевски ја напушти Македонија и доби азил во Унгарија, власта предводена од Заев продолжи со емитувањето на нелегално стекнатите материјали таканаречените бомби поради неспособноста да го издржи ударот од заминувањето на Груевски.

Имено Заев кога започна со емитувањето на бомбите основна премиса која сакаше да ја докаже е дека власта сама се прислушувала, но имајќи во предвид дека откако Груевски ја напушти државата, во етерот започнаа да се пуштаат таканаречените видео бомби дел од домашната датотека на екс премиерот, факт е дека Заев од некој друг извор ги добил сите бомби, кои не биле снимени од државниот апарат.

Видео бомбата од одморот кој Груевски го имал со својата фамилија на Сејшелите отвора и друго прашање, покрај фактот дека снимките очигледно не се добиени од УБК туку од друг извор. Имено се отвора прашањето како сеуште се емитуваат нови бомби кога според СЈО сите до една се наоѓаат во сефот на обвинителството. Многу пати обвинителите на СЈО истакнуваа дека сите бомби кои ги имал Заев се наоѓале во обвинителството, а сега по емитувањето на една од видео бомбите се отвора прашањето, дали СЈО пушта бомби по нарачка за остварување на политичките цели на Заев и СДСМ.

Видео бомбата од Сејшелите уште еднаш ја потврдува спрегата помеѓу СЈО и Заев, односно СДСМ. Блиската соработка на власта со партиското обвинителство е евидентна и по притворите на Јанакиевски и Божиновски кои беа сместени во притвор со цел да го намалат револтот кај членството и поддржувачите на СДСМ од азилантството на Груевски.

Да, добро прочитавите азилантство бидејќи и официјално Груевски не побегна од правдата туку од политичкиот прогон спроведуван од власта на СДСМ и Заев. Последиците од неговиот азилантски статус ќе бидат многу поголеми по власта на Заев од било што, што се случи во изминативе две години хунта на СДСМ. Азилантскиот статус на Груевски од земја членка на ЕУ и НАТО докажува дека навистина во Македонија се спроведува политички прогон од невидени размери, невидени уште од времето на комунизмот. Случајот 27 април и сите останати случаи на СЈО и ОЈО за преку 300 членови на ВМРО-ДПМНЕ се класичен пример за политички монтирани случаи со цел оцрнување на опозицијата и вршење на притисок врз сите оние кои ќе го кренат гласот против анти-државните политики на Заев со цел остварување на интересите на други држави и организации.

Царот е гол! Да драги читатели Заев е ,,гол’’, откако призна дека на власт е донесен да ги потпише договорите со Бугарија и Грција, откако призна дека не победил на изборите на 11 декември, откако започна со спроведување на промената на името, двојазичност и сето она за што опозицијата предупредуваше дека ќе се случи кога Заев ќе дојде на власт. Сега со своите постапки и СЈО докажа по кој знае кој пат дека е под целосна контрола на СДСМ, а дека бомбите не се снимани од УБК туку од некоја трета страна, која Заев во кабинетот на Груевски ја нарече странска служба.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This