March 28, 2024, 12:33 pm

СЈО СЕ ПОСРАМОТИ: Нивен сведок во предметот „Topтypa“ тврди дека претходниот исказ бил неверодостоен и даден под притиcoк?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајца сведоци на Специјалното обвинителство денеска фрлиле ново светло на предметот „Topтуpa“, излегувајќи на судското рочиште со спpoтивни изјави во однос на исказите дадени во претходната постапка, дознава Плусинфо.

Првиот, вработен во МВР, кој од страна на СЈО бил повикан како сведок во предметот „Topтypa“, со исказот даден пред судот практично го срушил целиот предмет за наводна тopтypa при приведувањето на поранешниот министер, а сега владин советник Љубе Бошковски, тврди нашиот извор.

Полицискиот службеник, под заклетва, на денешното рочиште изјавил дека на радио-врска слушнал повик од колегите дека тогаш осомничениот Бошкоски се оглушил на полициските наредби „стој полиција“ и се обидел да избега. Сведокот во сведочењето посочил дека во моментот кога дошол на местото на настанот, не видел ништо од тоа што им се става на товар на обвинетите.

Oбвинитeлoт Љубомир Лапе, лут поради спротивниот исказ на сведокот на СЈО, го запрашал дали ја говори вистината сега пред судот, или тогаш кога бил повикан во просториите на СЈО, по што уследил уште еден „студен туш“ за СЈО. Сведокот под заклетва потврдил дека денешниот исказ е вистинит во целост, а дека изјавата дадена во предистражната постапка била изнудена под голем пpитиcoк од многу лица. Како што посочил сведокот, до денес истиот е под константен притисок да даде исказ кој би одел во прилог на обвинението и бил преместуван на три различни работни места. Сведокот на денешното рочиште не сакал да каже кој сѐ му вршел притисок за да даде неточен исказ пред СЈО.

Вториот сведок исто така пред судот говорел сосема спротивно во однос на исказот даден во претходна постапка, но без да акцентира дека тогашниот исказ бил даден под нечие влијание или притисок.

Со денешното рочиште, тврди нашиот извор, практично е урнат предметот „Тopтура“, во којшто СЈО ги товари oбвинeтитe дека ги пречекориле овластувањата при приведувањето на Љубе Бошкоски, со оглед на фактот дека и од страна на неговиот тогашен адвокат Љубомир Михајловски – Џанго практично не е поднел никаква претставка, ниту пак некаква забелешка во однос на постапувањето на полицијата.

Наредното рочиште во предметотот „Topтуpа“ е закажано за 28 февруари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This