СЈО СО ЗАКАНИ ДО ДЕМОНСТРАНТИТЕ ОД ОХРИД: Реакција од ВМРО-ДПМНЕ – СЈО да престане со заканите но граѓаните!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Правото на протест е загарантирано со Уставот на Република Македонија, кој во членот 21 вели дека граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne
Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Заканите од страна СЈО упатени по одржаниот протест се уште еден чин кој се коси со највисокиот правен акт.

ВМРО-ДПМНЕ го разбира и поддржува револтот на охриѓани против политичката хајка која по нарачка ја спроведува селективното јавно обвинителство.

СЈО е срам за правосудниот систем.

Повикувањето на околу 200 лица само заради тоа што се членови на една политичка партија не е ништо друго туку дискриминација по политичка и идеолошка основа.

СЈО аболицира криминалци како Заев и Верушевски, а им се заканува на чесни луѓе чиј единствен грев е нивната политичко-идеолошка определба и тоа што одлучиле да донираат за сопствената партија.

СЈО мора да почне да работи законски. Наместо да продолжува со заканите кон граѓаните, СЈО мора да истражи кој ја нарушува тајноста на истражната и предистражната постапка, постојано лиферувајќи информации по порталите под контрола на СДСМ/Сорос во врска со лицата кои се покануваат на распит.

Ваквото непрофесионално и незаконско делување на СЈО не е ново. За нелегалните методи по кои работат, изнудите и заканите веќе се поднесени десетици кривични пријави против одговорните во СЈО.

ВМРО-ДПМНЕ не е против СЈО, туку против селективното, непрофесионално и политичко делување на СЈО.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This