СЈО СО ОБИД ЗА МАНИПУЛАЦИЈА НА ДОКАЗИТЕ: Дали СЈО ги вештачело вистинските документи опфатени во тендерската документација за предметот „Труст“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали Специјалното јавно обвинителство ги вештачело вистинските документи опфатени во тендерската документација за предметот „Труст“? Ова прашање се поставува по вчерашното рочиште на кое бизнисменот Сеад Кочан изрази сомнеж во вистинитоста на документите кои СЈО ги користи како докази.

Вештото лице кое го ангажирало СЈО, во рамки на вчерашното сведочење тврдеше дека Трансмет во моментот на поднесување на тендерската документација за ископ на јаглен и јаловина во 2011-та година не ги поседувал потребните машини, но неговото вештачење е направено врз основа на договор и фактура кои биле работна верзија, а не договорот и фактурата кои се дадени во тендерската документација.

По приложување на вистинската документација вештакот потврди дека фактурата на Трансмет ги содржи сите потребни елементи и дека „Трансмет“ и „Силекс Неметали СТ“ како конзорциум во моментот на поднесување на документацијата поседувале вкупно 16 возила со носивост од 30 тони и покрај тоа што во тендерот се барале 10 вакви возила-дампери.

И покрај ова судијка не дозволи да се оспори вештиот наод изготвен по барање на СЈО, а на следното рошиште закажано за 21 декември вештото лице ќе одговара на прашања на адвокатите.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This