April 26, 2024, 11:57 pm

СKAHДАЛ: Објавена снимка од телефонот на Катица Јанева

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На социјалните мрежи се појави видео снимка од телефонот на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, кое што е снимено или во просториите на СЈО или за време на некоја посета на обвинителката на некоја институција каде што морала да го остави телефонот пред состанок,објави expres.mk .

На видеото се гледа како Јанева во придружба на женско лице доаѓа најверојатно до безбедносниот магацин каде што во СЈО или друга институција поради заштита од прислушување се чуваат телефоните на вработените по што таа го зема телефонот и оди низ канцеларијата, Пишува порталот.

Специјалната обвинителка не е свесна дека земањето на апаратот и одењето е снимено со нејзиниот телефон но во случајот она што е неверојатно е како се случило нејзините приватни или службени видео снимки да излезат во јавност.
Скан далозното истекување на видео снимка од телефонот на еден од најзаштитените македонски јавни функционери покажува дека безбедносните протоколи на СЈО чија линија и телефонски апарат користи Јанева се пробиени.
Тој што дошол до видео од телефонот на шефот на Специјалното Јавно Обвинителство веројатно веќе се обидел да дојде и до прислушуваните разговори и други важни документи и податоци од СЈО, пишува expres.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This