- Advertisement -
На регионалниот пат Струмица-Берово, делница с.Дабиле-с.Петрилинце, вчера во 19:45 часот Ј.Д.(33) од Дабиле, управувајќи мотоцикл „Хонда“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
-По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Јавната здравствена установа Струмица каде му биле констатирани тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош, информираат од полицијата.
Увид извршила екипа од СВР Струмица.