Сpeдбa на пpeтceдaтeлoт на Coбpaниeтo Џафери сo Мајлинда Брегу

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска во неговиот кабинет ја прими Мајлинда Брегу, генерална секретарка на Советот за регионална соработка.

Во оваа прилика, претседателот Џафери изрази задоволство од оваа повторна средба со г-ѓа Брегу, кога регионалната соработка се интензивира и продлабочува, а особено во време на пандемија кога повеќето меѓународни состаноци се одржуваат виртуелно. Тој истакна дека, Република Македонија посветува големо внимание на регионалната соработка, како клучна компонента за евроинтеграцијата на регионот и во континуитет активно учествува во работата на регионалните организации и иницијативи вклучително и на состаноците на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Изрази задоволство што на Пленарната сесија на Парламентарното собрание на ПСЈИЕ во рамките на косовското претседателство, државите учеснички успеале со консензус да усвојат финална резолуција и изрази надеж дека и следната година, кога со процесот ќе претседава Република Турција, овој позитивен тренд ќе продолжи.

Генералната секретарка Брегу му го честиташе реизборот на претседателот Џафери, го поздрави формирањето на Владата и функционалноста на Собранието. Таа истакна дека при посетите на Република Македонија, секогаш има плодни и конструктивни разговори на високо ниво и секогаш се чувствува добредојдено.

Во однос на повеќегодишната рамка за регионална и економска соработка МАП-РЕА-2, г-ѓа Брегу истакна дека оваа рамка е произлезена од Берлинскиот процес со кој во моментов ко-претседаваат Република Македонија и Република Бугарија, и истата предвидува унапредување на дигиталната инфраструктура и поврзување на земјите од регионот, слободен проток на трговија и капитал, поддржување на иновации и претприемништво како и вложување во активности за привлекување на таленти во земјите од регионот. Таа посочи дека ко-претседавањето меѓу Република Македонија и Република Бугарија е одлична можност на дело да се консолидираат и промовираат добрососедските односи меѓу двете земји. Бидејќи, иако Советот за регионална соработка работи интензивно во повеќе области за развивање на регионалната соработка, сепак заради нерешените политички прашања во регионот, како и предрасудите од минатото, се соочуваат со тешкотии во реализацијата на активностите.

Претседателот Џафери ја информираше г-ѓа Брегу за тековните активности на Собранието во насока на комплетирањето на делегациите за мултилатерална соработка и групите за билатерална соработка, како и преостанатиот чекор, односно именувањето на замениците министри на Владата.

На крајот на средбата, соговорниците ја поддржаа парламентарната димензија во сите процеси на регионално здружување меѓу земјите и заклучија дека, сите случувања во регионот треба да се следат со големо внимание и постојано да се дејствува во насока на заедничко решавање на сите отворени прашања меѓу државите во регионот, сè со цел подобрување на животниот стандард на сите граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This