Сpyшен најголемиот илeгaлен пазар на „темната мрежа“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемиот илегален пазар на „Темната мрежа“, беше уништен во меѓународната операција на Европол, во која беа вклучени Германија, Австралија, Данска, Молдавија, Украина и Велика Британија, како и САД.

Во соопштението на Европол се вели дека уривањето на темниот пазар е направено со помош на нивни специјални оперативни анализи и координација со споменатите земји, пренесе Танјуг.

Темниот пазар имаше 500.000 корисници, повеќе од 2.400 продавачи и околу 320.000 трансакции, а беа извршени 4.650 биткоин и 12.800 монеро трансфери (монеро – дигитална криптовалута).

Според сегашната вредност, оваа сума изнесува повеќе од 140 милиони евра, додава Европол.

Продавачите на темниот пазар најчесто тргуваа со разни видови лекови, фалсификувани пари, лажни или фалсификувани кредитни картички, неозначени СИМ-картички и малициозен софтвер (софтвер направен за злонамерни цели).

Германската полиција спроведе истрага во градот Олденбург, каде уапси еден Австралиец кој беше наводен оператор на Темниот пазар, во близина на границата со Данска, а беа запленети повеќе од 20 сервери во Молдавија и Украина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This