ТАЕН ДОГОВОР МЕЃУ ТАЧИ И ВУЧИЌ: Изготвен косовско-српски договор од 12 точки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовскиот претседател Хашим Тачи и српскиот претседател Александар Вучиќ изготвиле документ од дванаесет точки за косовско-српскиот договор, за кој и двајцата шефови на држави се согласија.

Европската унија, исто така, учествуваше при формулирањето на овој документ.

Ова го потврди пратеникот на Демократската лига на Косово, Вјоса Османи.

Таа вели дека овој документ го вклучува прашањето за корекција на границите, Трепча и некои други прашања поврзани со историското наследство.

„Во дипломатските кругови се зборува за единствен документ, договор за принципи, кој ќе се занимава со корекција на границите, црковно прашање, Трепча и други”, рече Османи за Експрес.

Таа вели дека овој документ во кој пошироко се разработени 12 точки, воопшто нема да биде ратификуван во Собранието на Република Косово, потсетувајќи дека истото е сторено и со договорот од 2013 година меѓу Тачи и Дачиќ.

„Се вели дека придружниот документ кој подробно се осврнува на овие теми нема да биде ратификуван во Косовското собрание. Голем дел од ова е повторување на она што се случи во 2013 година кога договорот меѓу Тачи и Дачиќ ги вклучуваше основните начела, но договорите за спроведување на тие начела никогаш не стигнаа ратификација во Собранието“, објасни Османи.

Таа вели дека тоа не е финален документ, туку предлог-договор.

Османи вели дека на изготвувањето на овој нацрт присуствуваше Европската унија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This