ТАЖНА ВЕСТ: Почина најстариот човек на Светот во Чиле на возраст од 121 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лекарите велат дека здрави навики ќе ви помогнат да доживеете 85 години, но некои луѓе успеваат живеат многу подолго. Само како го прават тоа останува медицинска мистерија.

Челино Вилануева Јарамило, почина во средата во болница во градот Сан Хозе де Марикина, во јужниот дел на Чиле, пишува британски Гардијан.

Роден во 1896 година – четири години пред најстара личност на листата на Гинисови рекорди, Наби Таџима-Џарамиљо, тој го загубил својот извод во пожар во неговата куќа пред 20 години, со што ја загуби својата шанса да стане дел од Гинис.

Сепак, датумот на раѓање на неговата обновена чилеанска лична карта која лично му ја даде претседателот Себастијан Пинера, навистина е 1896 година, и никој во Чиле не се сомнева во неговата долговечност.
Претседателот Пинера, кој е милијардер, исто така му подари на старецот сет на слушалки, две патерици и мал шпорет на дрва.

За жал, не беше понудена понуда за специјализирана геријатриска нега за најстариот Чилеанец и можеби најстариот човек во светот.

“Ние сме многу тажни”, рече Ивона Моралес, која заедно со нејзината мајка Марта Рамирез го вдомиле Челино кога имал 99 години. “Тој беше составен дел од нашето семејство “.

Челино Вилануева, никогаш не се оженил и немал познати живи роднини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This