ТАЖНА РЕАЛНОСТ: Премрзнато девојче учи на улица, додека проси заедно со нејзиниот татко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За повеќето деца викендот е време кое го поминуваат со своите родители и си играат со своите најдобри другари. Но, за Џи Хонгхонг, саботите и неделите значат една работа – просење на улица покрај нејзиниот татко.

Исто како и Даниел Кабрера кој стана вирална сензација заради двете фотографии како учи покрај McDonald’s, така и малечката Џи стана вирална сензација во Хонгконг.

6-годишното девојче е фотографирано како учи и ја пишува својата домашна задача, покриена со ќебе додека проси покрај нејзиниот татко.

Фотографиите се направени во градот Линји , во северна Кина, провинцијата Шандонг. Девојчето изјавило за новинарите дека таа мора да проси покрај татко ѝ за време на викендите.

„Ја завршив домашната која ни ја даде наставничката, ова е задача од татко ми. Тој сакаше да продолжам со учење на кинеско спелување, со задачи кои и наставничката уште не ни ги покажала“ – изјавило девојчето.

Инаку, покрај татко ѝ, девојчето живее со нејзината мајка која има ментално заболување, нејзината 80-годишна баба и постариот брат.

Селото каде живее семејството Ванг знае за нивната состојба и се обидува да им помогне како може, а просењето е единствената работа која сега засега можат да ја направат.

Многумина се надеваат дека тоа што нивната приказна стана вирална, ќе им помогне да не просат на улица, туку таткото да најде соодветна работа со која ќе може да го издржува семејството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This