Драгутин М. е Србин кој одбрал животот да го живее во Германија. Тој за српските медиуми ја раскажа најтажната велигденска приказна која ќе ви го скрши срцето.
Тој напиша писмо за својата мајка:
– Возрасен сум, имам големи деца, а од утрово солзите сами ми течат по лицето. На Велики Петок се сетив на нашата стара и трошна куќа во Србија. Мајка секогаш после ручек фарбаше јајца, сестрите и помагаа во тоа. Во недела на Велигден мајка на сите ни даваше по едно јајце, беа тоа незаборавни, свечени и весели моменти.
Не има осуммина, четири браќа и четири сестри. Пораснавме, некои се преселија, ретко се гледаме. Сите имаме деца и внуци. Татко ни почина, а мајка седи сама.
Мојата мајка во недела нема да има на кого да му даде црвено јајце, никој не може да ја посети, затоа и плачам. Мајко, фала ти за се!.