ТАЛАТ ИЛИ СИЉАНОВСКА: За избор на претседател треба да гласаат најмалку 723.253 граѓани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу двајцата кандидати Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски, кои во првиот круг добија најголем број гласови, но не и потребното мнозинство од 904.066 гласови за тогаш да биде избран претседател на републиката.

Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето, во случајов на 5 мај. За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи, што е предвидено со член 121, став 3 од Изборниот законик.

Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добил потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка. Излезноста во првиот круг од претседателските избори од околу 42 отсто во првиот круг, само ги засилија уште повеќе стравувањата дека во вториот круг в недела може да не биде остварен цензус или излезност на граѓаните од 40 отсто. Се провлекуваат неколку мислења во јавноста дека доколку се случи тоа можно е или да се распишат нови избори, да се смени Уставот за намалување цензус, или за избор на претседател во Собранието. До изборот на нов претседател, функцијата ќе ја извршува претседателот на Собранието Талат Џафери.

За да не дојде до неисполнување на цензусот, во кампањата и кандидатите и партиските лидери ги повика граѓаните да излезат да гласаат.

Претседателот на републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години. За претседател на републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати. Претседателот мора да биде државјанин на Република Македонија.

За претседател на републиката може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот. За претседател не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Македонија најмалку десет години во последните 15 години. Изборот за претседател на републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This