ТАЛАТ ЌЕ ГИ АМНЕСТИРА ПРАТЕНИЦИТЕ ШТО ГЛСАА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Џафери ќе ја води комисијата за помирување, се чека ставот на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Собранието Талат Џафери најверојатно ќе ја води комисијата за помирување што би се формирала по иницијативата на осумтемина пратеници, но ќе се чека на ставот на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.


Ова е еден од заклучоците на денешната средба на координаторите на пратеничките групи со претседателот на Собранието Џафери, прва по гласањето за уставни измени во петокот.

Во Собранието се очекува и информација дали осумтемина пратеници од опозицијата кои гласаа „за“ ќе формираат пратеничка група односно какво ќе биде нивното натамошно дејствување во Парламентот. Според собраниски извори, осумтемината пратеници имаат средба по која ќе биде соопштено како ќе функционираат во Собранието. Засега до Кабинетот на претседателот на Собранието нема пристигнато известување за нова пратеничка група, јави МИА.

Во тек е пленарна седница на која од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ присуствуваат само двајца пратеници, како и Панчо Минов, кој најави дека ја напушта пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по разрешувањето на потпретседателот на партијата Митко Јанчев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This