ТАЛАТ ЌЕ ГИ ОДЛОЖУBA ИЗБОРИТЕ: Планот е со погpeшно толкување на уставот кој го пoгaзи при назначувањето на 27 април 2017-та да ги oдлoжи изборите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Спротиставени ставови или уиграна, лажна јавна конфронтација на коалиционите партнери во владата? Дали солирањето на Талат Џафери најавува се’ позивесно одложување на договорениот датум за предвремени избори?

Бара ли сега ДУИ спас во толкување на Уставот, истиот оној кој беше флагрантно прекршен при изборот токму на спикерот Џафери на 27 април 2017-та?

Дилемата – дали виси 12-ти април, прв ја отвори токму неговиот сопартиец Артан Груби со наводната неможност за ратификација на членството во НАТО, а масло на огнот додаде Заев кој додаде дека тоа не смее да се случи.

Сега, Џафери, повикувајќи се на Уставот, кој очигледно важи само кога власта има потреба од него, вели дека не смеел да го распушти Собранието на помалку од 60 дена од изјаснувањето. Со ова, спикерот го доведува во прашање моментот на НАТО-ратификацијата, чин кој познавачите на состојбите го толкуваат како нова алатка за одложување на изборите.

Прашањето кое се поставува е и дали Заевата Влада повторно ќе го злоупотреби НАТО, на начин како што ја вметна Алијансата во нелогичното референдумско прашање на 30-ти септември 2018-та, кога Македонија не гласаше за промена на име на државата, туку за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Преспанскиот договор?!

Потврда на владината тенденција за одложување на предвременото изјаснување на граѓаните е и изјавата на Заев, кој потенцира дека конечната одлука за распишување на изборите е кај Џафери.

Експертите по уставно право за Алфа велат дека Џафери дава свое лично толкување на Уставот кое воопшто не држи вода. Вистината е дека Уставот предвидува дека Собранието не може да се распушти на повеќе од 60 дена, а не помалку. Во превод, Собранието може да се распушти и на 30-на дена пред Изборите. Секое поинакво толкување е грешно и тенденциозно.

Потврда на кажаното е и праксата, потенцират експерите. Во 2016-та, поради премислувањето на тогаш опозиционерот Заев, изборите се одлагаа и три пати презакажуваа, прво во април, па во јуни, за да, конечно, се оддржат во декември. Во меѓувреме, Собранието се распушташе и враќаше. Дали, сега и како власт, по навика го прават истото? Овој факт го посочи и опозицијата, која не отстапува од договорениот датум на лидерската средба кај Пендаровски.

Информациите на Алфа, велат и дека причина за одложувањето е лошиот рејтинг на ДУИ на терен, факт кој ги принудува да бараат дополнително време за работа со гласачите и подолгорочно активирање на партиската теренска машинерија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This