ТАЛАТ ЌЕ MOPA ДА СНОСИ OДГOBOPHOCT: Зakoнот за ЈО донесен нeдeлoвничkи, cпpoтивнo на зakoн и дeлoвниk

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гласањето на Законот за Јавно обвинителство е констатирано како неуспешно, а прегласувањето е нелегално и спротивно на законот и деловникот, констатира Александар Спасеновски, автор на книга промовирана од „Конрад Аденауер“ за Парламентарно право


Според Спасеновски, Претседателот на Собранието има право да повика на повторено гласање само доколку разликата во гласовите од потребниот број на гласови е помала или поголема од 5 гласови.

– Претседателот на Собранието има право да повика да се гласа и да го констатира исходот од гласањето;

– Повторено гласање, при неизгласување на одредена точка, може да има единствено како поименично јавно изјаснување на пратениците во случај на разлика помала или поголема од 5 гласови на барање на претседателот на Собранието или на еден пратеник чие барање го поддржуваат најмалку десет пратеници (член 97 став 2);

– Предлог законот за ЈО не беше изгласан бидејќи не го доби потребното мнозинство од 80 пратеници и немаше можност за повторено поименично гласање;

-Одлуката за повторено гласање и самото повторено гласање немаат никаква заснованост во Деловникот, односно истите се #нелегални.

Според правниците пак, носењето на законот за ЈО многу веројатно е намерно направен фалично, прво валидно гласање со 74 пратеници (без потребното мнозинство), а потоа и со неделовничкото поништување и прегласување со 80 пратеници, со повреда на Законите, што е основа за ништовност во одредени околности, зависно од интересите на оние кои имаат влијание во Уставен, Управен и/или Врховен Суд.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This