ТАЛАТ ЏАФЕРИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО КОЅИЈАС: Џафери изрази задоволство од средбата и очекува интензивирање на соработката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Коѕијас.

На средбата присутвувале и пратениците Ирена Стефоска и Африм Гаши.

Претседателот Џафери, како што информираат од неговиот Кабинет, изразил задоволство од средбата и очeкување за интензивирање на средбите на сите нивоа во иднина, вклучително и на парламентарно ниво меѓу двете држави.

– Република Грција е наш јужен сосед со кој поминавме низ многу предизвици во изминатите декади и кој, во исклучително критични моменти, активно ја поддржа европската интеграција на Република Македонија со ратификацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, за доделувањето на кандидатски статус за членство во ЕУ и безвизниот режим за нашите граѓани во земјите на Унијата и нашите напори за исполнување на критериумите за членство во ЕУ и НАТО, рекол Џафери на средбата.

Министерот Коѕијас истакнал дека е почестен што е гостин во Собранието на Република Македонија и посочил дека Република Грција како прв сосед ја сака стабилноста на Македонија и ја поддржува нејзината евроатлантска интеграција.

– Како најстара земја на ЕУ и НАТО, стои на располагање со сопствени искуства и експерти да и помогне на земјата во реформската агенда. Сега е моментот да се постигне компромис за отворените прашања кои нè држат во затворот на историјата, бидејќи на тој начин може да се отворат сите полиња на заедничка соработка, вклучително и интензивирање на средбите на парламентарно ниво со колегите од Парламентот на Грција, истакнал грчкиот министер.

Присутните се согласиле дека мерките за градење на доверба успешно се имплементираат во повеќе области и било истакнато дека може да се посвети повеќе внимание на развивање културни проекти, како мост за поврзување на двете држави и граѓаните, кои во континуитет одржуваат блиски и пријателски односи.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This