ТАЛАТ ЏАФЕРИ ОЧЕКУВА РЕШЕНИЕ ЗА АМАНДМАНИТЕ: Џафери комуницирал со претставници на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ за деблокада на Собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талат Џафери очекува во наредните денови да се најде решение за над 35-те илјади амандмани на Законот за употреба на јазиците поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Комуницирам со претставници на пратеничките групи вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека сме блиску до решение, рече Џафери на денешната средба со новинарите во Собранието.

Целта, како што наведе, е да се избегне блокада на Собранието. Процедурално, како што кажа, тој нема да дозволи да се случи блокада во законодавниот дом.

Прашан дали решение би било да се расправа за амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, Џафери рече дека отворањето дебата за нив би значело блокада на работата на Собранието.

За Законот за јазиците станало збор и на средбите со тројцата европратеници Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан, кои се иницијатори на разговорите во рамки на Жан Моне процесот.

Првата средба со претставници на парламентарните партии, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ се очкеува да биде одржана на 15 март, но доколку не се обезбеди присуство на еврокомесарот Јоханес Хан и експерти, разговорите би можеле да бидат одложени за мај.

Џафери смета дека наскоро опозицијата би можела да се вклучи повторно во работата на Собранието.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This