ТАМАН ДА И ГО ТРГНЕ ЛОШОТО, ЛОШО ЈА СНАШЛО: Скопјанка измамена и ограбена од гатачка која „отстранува“ лошо- еве ги деталите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жена од Скопје со намера да си ја дознае судбината и да го отстрани „лошото“, била измамена од гатачка. Јасновидка и кажала дека и е направено нешто лошо и ѝ го земала златото, за наводно да го однесе во црква.

Како што соопшти МВР вчера В.С.(29) пријавила дека истиот ден во 12:40 часот била измамена од страна на непознато женско лице. Откако лицето дошло во нејзиниот двор со намера да и продаде женска гардероба на пријавителката, почнала да и зборува во врска со животот на В.С. дека некој и направил лоши работи и доколку сака истата може да ги отстрани. Откако пријавителката од дома донела разновиден златен накит, непознатата жена го ставила во чинија со вода и потоа и рекла дека ќе мора накитот да го однесе до црква, а потоа ќе и го врати. Непознатата жена го земала накитот и го напуштила местото на настанот и не се вратила.

Од полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This