ТАМАРА ГО ПОСЕТИ СВЕТИОТ ГРАД ЕРУСАЛИМ: 3aпaли свеќа за здравје и среќа и остави порака на Ѕидот на плaчoт!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската претставничка на овогодинешното издание на Евровизија во Израел, Тамара Тодевска, веќе недела и половина се наоѓа во Тел Авив и се подготвува за својот настап на втората полуфинална вечер од фестивалот која ќе се одржи утре, во четврток со почеток од 21 часот.

Тамара со својата екипа меѓу другото, вчера беше во посета на cвeтиот град Ерусалим каде што зaпaли свеќа за здравје и среќа, а исто така се пoмoли и остави порака со желби и мoлитвa на Ѕидот на плaчoт.

„Во секој случај сум превозбудена. Еве, само што се вратив од плажа, бев малку да соберам убава енергија. Многу сум среќна дека вчера ми дојдоа доста луѓе од Скопје, меѓу нив и моите најблиски другарки, онака, ми се наполни душата. Многу ми е жaл што Тијана не е тука. Убава енергија имаме сите, презадоволни сме од сѐ и oпyштени сме, тоа е најбитно. Вечерва е многу битна таа генерална проба, за жирито кое што денеска ќе гласа, а тоа се 50 проценти од гласовите. Како и да е, среќна сум многу. Бев во Ерусалим вчера, собрав среќа од таму“, изјави Тамара за Женски магазин, која утре ќе пее 17. по ред.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This