April 26, 2024, 10:49 pm

ТАМАРА ЗАЕДНО СО ЕКИПАТА МУ ПРИРЕДИЈА ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Со торта и шампањско му го честитаа роденденот на Роберт Билбилов!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Роберт Билбилов кој во моментов е во Тел Авив вчера во друштво на домашниот евровизиски тим го прослави својот роденден. Тамара Тодевска заедно со авторите на „Proud„ на композиторот му приредија вистинско изненадување и му подарија уникатна торта и на тој начин го одбележаа овој голем ден за него.

Инаку, Македонија настапува во вторник, на 14 мај, а според прогнозите на многумина, нашата земја конечно ја има вистинската песна за влез во финале и висок пласман.

На евровизиската сцена Тамара ќе се појави облечена во зелен смаргарден фустан кој што е креација на Александар Ношпал, а за шминката и косата ќе биде задолжен Арманд Рамадани.

Покрај Билбилов, автори на евровизискиот овогодинешен рефрен се и Дарко Димитров и Лазар Цветковски, а текстот е дело на Коста Петров и неговата сопруга.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This