March 29, 2024, 10:19 am

Тамара за редниот број под кој настапува: Осум симболизира бесконечност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тамара Тодевска во евровизиско финале ќе настапи под редниот број осум. Ова ќе биде прво претставување на нашата земја во завршницата на европското музичко натпреварување по цели шест години и затоа еуфоријата, но и притисокот се уште поголеми.

– Верувам во нас и сум горда на сите нас. Бројот осум симболизира бесконечност, а тоа значи дека сум бесконечно среќна со целиот мој тим – изјавила Тамара од Тел Авив за Женски магазин.

Нашата претставничка ја имаше честа да ја отвори победничката прес-конференција по одржаната втора полуфинална вечер.

– Најдобриот момент е што пораката ја пренесовме на добар начин. Така што мојата работа ја завршив многу добро – изјави, меѓу другото, Тодевска пред присутните новинари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This