Тамара и Тијана: Разводот на родителите нѐ обележа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Разводот на родителите нѐ обележа, признаваат сестрите Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ во заедничкото интервју за српскиот магазин „Стори“. Нивните родители Брана, поранешна оперска пејачка и Велко, професор по контрабас, останаа во добри односи по разделбата.

Во интимната приказна објавена во печатеното издание на весникот, тие зборуваат и за тоа дека далечината не е причина да не останат блиски.

Не ми беше сеедно кога Тијана се пресели во Белград, а не ми е ни сега. Но, знам дека таа тука е среќна, вели Тамара.

Тамара престојуваше во Белград во изминатиот период, каде е доста актуелна по завршувањето на „Евровизија“. За потсетување, од Србија, Македонија доби по 12 поени и од жирито и од гласачите.

Инаку минатата недела Тамара и официјално доби признание за најдобар женски вокал на последното издание на песната на Евровизија.

Вкупно 23,3 отсто од гласачите за најдобар женски вокал и го дале својот глас на македонската претставничка, што е и прв воопшто трофеј за нашата земја на ова натпреварување. Зад Тамара се Кејт Милер-Хајтке од Австралија и Тамта од Кипар.

Во категоријата за најдобра песна, наградата и припадна на победничката „Аркада“ во изведба на Данкан Лоренс од Холандија.

Лука Хани од Швајцарија победи во категоријата за најдобар машки изведувач, оставајќи го победникот Данкан на второто и италијанецот Махмуд на третото место.

Норвежаните „КЕИНО“ се прогласени за најдобра група.

Гласањето за Радио-наградите на Евровизија 2019 година траеше од 1 до 10 јуни, а фановите и слушателите на Евровизискиот натпревар низ светот одлучуваа кому ќе му припаднат трофеите.

Тамара во 2008 година заедно со Адријан Гаџа и Врчак победуваат на националниот избор за песна на Евровизија и со „Во име на љубовта” ја претставуваат Македонија на Евровизија во Белград-Србија. „Во име на љубовта” се снима на 6 верзии ( Македонски, Српски, Албански, Турски, Руски и Англиски) и за сите е снимен видео спот режисиран од Дејан Миличевич.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This