ТАНЕЦ СО ЈУБИЛЕЕН ВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ ВО МОБ: Почеток на јубилејната 70та сезона на Ансаблот за народни игри и песни „Танец“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ансамблот за народни игри и песни „Танец”  вечерва во Македонската опера и балет го одржува традиционалниот велигденски концерт, годинава насловен „Велигденско будење”.

Концертот содржи богата музичко-сценска програма во која ќе бидат изведени многу фрагменти од кореографии, вокални и оркестарски изведби од нивниот понов репертоар, од 2000 година до денес.

Ќе учествуваат првенците, солистите и целиот ансамбл на „Танец” кој со овој концерт ја почнува  јубилејната 70-та сезона, под мотото „Остани во чекор”. -Чуварите на нашето музичко-фолклорно богатство со ова најавуваат храбри чекори кон модерните времиња, но и цврсто тежиште кон традиционалните вредности, соопшти „Танец“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This