ТАНЧО ПРОЈКОВСКИ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПОЛИЦАЈЦИ И КОМАНДИРИ: По наредба на Спасовски, новиот командир на СВР Струмица барал полицајци сами да потпишат отказ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партизација на полицијата, бркање на професионалци, закани по живот, закани со измислени кривични постапки. Ова е сликата во секторите на МВР низ Македонија, откако Оливер Спасовски го превзеде министерувањето со полицијата

Потпретседателот на СДС и министер за внатрешни Оливер Спасовски, издал наредба до неговите кабинетски послушници, во најкраток можен рок да се променат сите професионалци на МВР, без разлика на нивниот работен стаж на клучни позиции во полицијата со цел поставување на партиски војници во полицијата. Заканите биле упатени кон голем број на оперативци, началници и командири, кои добиле усмена „понуда“ од новопоставените началници на Секторите на МВР самите да си дадат оставка од нивната функција, или во спротивно „ќе видат што ќе им се случи“.

Последен ваков пример на притисоци е забележан во СВР Струмица, каде партискиот началник Танчо Пројковски во директна комуникација со началникот на крим поицијата му „понудил“ самиот да си даде отказ од позицијата, инаку „лошо му се пишувало“. Откако одбил, Пројковски покренал дисциплинска постапка против него.

Од страна на новото партиско раководство на СВР Струмица се покренати три дисциплински постапки против тројца високи старешини и тоа, началникот на криминалистичката полиција, командирот на ПС Гевгелија и ПС Вландово.
Притоа, грубо се прекршени сите процедури за поведување на дисциплинска постапка, кои биле покренати откако наведените старешини одбиле сами да си заминат, по што започнале и притисоците.

Сите старешини се професионалци со над 20 години работно искуство, никогаш не биле вмешани во ниту една афера, а истите во изминатите години го докажале својот капацитет и заложба остварувајќи врвни резултати.

Новиот началник на СВР Струмица Танчо Пројковски, пак, е татко на бодигардот на Заев, Даниел Пројковски.

За ваквите закани и бруталната партизација реагираше и ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека целта на Спасовски е да се променат лица кои одлучно и храбро работеле на случаи како Диво Насеље, Монструм, Планинска Бура но и редица други големи акци во кои беа пресечени бројни криминални канали.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Ова што сега се прави во МВР е класичен контраудар на мафијата врз полицијата. Одмазда за сите реализирани акции. Главен инспиратор и реализатор на оваа одмазда на мафијата е Оливер Спасовски. Тоа што СДС го прави во моментов е брутална партизација на полицијата. Надвор од сите законски норми, надвор од сите реформи се реализира партиска чистка и поставување на партиски послушници на сите раководни позиции. Потпретседателот на СДС и неговите партиски послушници секојдневно се јавуваат и повикуваат вработени во Министерството за внатрешни работи кои низ долгите години во службата, постепено ја граделе кариерата и стигнале до одредена позиција за да им нудат одредени пониски позиции. Понудата од СДС е земи или остави. Им нудат пониски места на кои би биле распоредени по сопствено барање.

 

[/kopa_block_quote]

Од ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека и тие располагаат со информации во врска со заканите кои Спасовски им ги упатувал на вработени во МВР.

 

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This