ТАРАВАРИ БАРА ПОЛИЦИЈАТА ДА НЕ СИ ЈА РАБОТИ РАБОТАТА: Бара поголема толеранција – полицијата да не ги казнува гастрбајтерите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По повод доаѓањето на иселениците, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на граѓаните на Гостивар и полицијата им упати апел со кој ги повикува да се покажат поширокогради и погостољубиви.

Во апелот Таравари вели дека најголем наплив на иселеници се очекува, пред сѐ, викендов и во периодот што претстои.

– Иселениците престојуваат само неколкудена во родниот крај, и во тие денови, трошат и инвестираат толку многу пари што ја држат во живот економијата на државава. Ако мал дел од нив, во главно помладите, не се доволно дисциплиниран во сообраќајот, и заедно со други млади од нашиот град се однесуваат на начин кој потешко можат да го прифатат постарите генерации, сепак треба да биде малку поширокогради и потолерантни, сé додека нивното однесување не остава последици, или не претставува некоја посериозна повреда на законот и нормативите – вели Таравари во апелот.

Тој бара што поефикасно да се мобилизираат полициските службеници да бидат на ниво на задачата, повеќе да влијаат превентивно и што повеќе да асистираат што повеќе за успешно справување со гужвата во сообраќајот, без да се има потреба за казнени мерки.

Оваа порака на Таравари никако не соодведствува со паролата која толку често и толку многу се повторува во јавноста изминатиов период, а која очигледно дека никој нема намера да ја спроведе, дека законот во Македонија треба да важи за сите подеднакво.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This