Таравари: Ваков пopaз и изборен дебакл немало во последнте 30 години, но Заев може да се премисли за оcтавката, тој е познат по тоа што не стои на дадениот збор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Старо новиот градоначалник на општина Гостивар Арбен Таравари во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема на ваша страна“ за поразот на локалните избори на Зоран Заев вели дека не памети да му се има случено ваков пораз на претседател на политичка партија во последните 30тина година, додавајќи дека тој лично мисли дека Заев ќе се предомисли во однос на оставката имајќи во предвид дека тој е познат по тоа што не стои на дадениот збор.

После ваквиот пораз не знам дали имал некој претседател на партија последните 30 години и од морален апсект убаво направи, иако јас пак мислам дека може да смени ставови, бидејќи Зоран Заев го знаеме како човек кој што во текот на денот знае да каже различни нешта и да не стои на својот збор. Меѓутоа му се случи изборен дебакл, вели Таравари.
Таравари додаде дека состојбата во државата е многу полоша во однос од претходно, укажувајќи дека доколку изборите во Гостивар биле фер и демократски тој лично ќе победил со 10.000 гласови разлика, додавајќи дека директорот на финансова полиција се заканува на фирми и компании.

Таравари нагласи дека четири лица од ДУИ му упаднале во домот и му се заканувале, но како што рече тој за ова го известил и министерот за внатрешни работи од СДСМ Оливер Спасовски, но добил одговор да пријави во гостиварската полиција, додавајќи дека ако ги пријавиш во гостиварската полиција, тоа е исто како да пријави во Мала Речица бидејќи полициската станица во Гостивар е полициска станица на ДУИ.

Јас во повеќе дебатни емисии сум кажувал дека гарантирам дека околу две третини од општините ќе ги изгубат СДСМ и ДУИ. И практично и ги изгубија, само луѓето околу него не му кажувале каква е состојбата од теренот. Сега беше малку построго од времето на Груевски искрено кажано тоа го тврдам. Еве директорот на финансова полиција правеше крш во

Гостивар, значи по фирми, компании со закани ќе видите од понеделник што ќе ви се случи. На пример полициската станица во Гостивар е полициска станица на ДУИ, не е полициска станица на граѓаните, ако ви се случи нешто на ден на избори нема каде да пријавите. Командирите на полицијата во Тетово и Гостивар се партиски полицајци, не се полицајци на државата, истакна тој.

Вие во моментот нема каде да пријавите ако ви се случи нешто. Еве јас сум имал закани по живот, дојдоа четири бандити на ДУИ во куќа кај мене, фатени под камера, нема каде да ги пријавиш. Ако ги пријавиш во Гостивар, тоа е како да ги пријавиш во Мала Речица. Јас лично пријавив кај министерот и знаете што ми кажа, пријавете во полициска станица. Ако доаѓаат во куќа кај градоначалник пред три месеци, замислете што можат да направат на обичен граѓанин. Да имаше фер и демократски избори во Гостивар разликата ќе беше 10.000 гласови, изјави Таравари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This