ТАРАВАРИ, ЗАЕВ И ЈОВАНОВСКА ВИКНАА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ: Комунистичката хунта почна да забранува јавно да се говори за убиството на четирите бебиња на ГАК!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цела Македонија е потресена од големата трагедија која се случи на Клиниката за Гинекологија. Само надлежните молчат и не сакаат да превземат одговорност.

Четири новороденчиња ги загубија животите на ГАК. Премиерот Зоран заев го штити министерот Таравари за да ја спаси коалицијата со Села без чии пратеници би го изгубил мнозинството во Парламентот.

Од одговорност ја спаси и новата директорка на ГАК, Викторија Јовановска, која е пријателка со неговата сопруга.

Сега, одговорните се обидуваат да ги замолчат сите кои сакаат да зборуваат за оваа трагедија и да бараат одговорност.

 

Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, која денес сакаше пред клиниката да одржи прес-конференција за медиумите беше избркана од обезбедувањето вработено од новата Влада. Со дрски наредби, обезбедувањето на клиниката ја избрка Андоновска, но и сите присутни новинарски екипи.

Што не сакаа да се слушне во јавноста?

-Нема оставки, нема одговорност. Четири дечиња им починаа во раце. Барем некој да се одважеше па макар и од морални причини. Буквално сите се кријат и бегаат од скандалот на гинекологија. Највеќе оние кои се највисоко во хиерархијата и треба да покажат барем малку доблест. Поминаа пет дена откако бевме сведоци на најтрагичниот настан на гинекологија, а на Таравари и Заев око не им трепнува.          Скоро цела недела како не се знаат причините и се покриваат работите. Очигледно некој купува време. Како што го криеја скандалот два дена се додека медиумите не го објавија. Дали некој се обидува да склопи извештај во кој нема лекарска грешка или нема одговорност за болницата? Дали на овој начин ќе се спасуваат Таравари и директорката Јовановска? Дали купуваат време за да ги убедат родителите и јавноста дека на новороденчињата им било пишано да починат? Колку бебиња треба да ги загубат животите за директорката на Клиниката за гинекологија Јовановска да си замине бидејќи нема капацитет да ја води клиниката, а единствена референца и е пријателството со Зорица Заева?   Наместо да работи тоа за кое што зема пари од граѓаните, таа се занимава како да му помогне на пријателот Заев во партиските ангажмани, истакна Андоновска на која и беше забрането да се обрати од пред клиниката.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This