April 23, 2024, 11:32 am

Таравари: Заев ќе доживее дебакл на изборите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Причината за тоа што на Зоран Заев му се брза час поскоро да организира избори е фактот што СДСМ на анкетите не стои најдобро и од ден во ден нивниот рејтинг е се помал, вели градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари за Инфомакс. Според него поради катастрофалната состојба во државата на здравствен и економски план Зоран Заев ќе доживее дебакл на изборите.

-Гледате дека според анкетите СДСМ не стои баш најдобро. Потоа ова што се случува е веќе загрижувачки, повеќето граѓани ако не веруваа на институциите после овие настани уште повеќе нема да веруваа. Знаете економската криза веќе ни е пред праг, толку резерви имаат граѓаните, ги потрошија, се исплашија и никој не мрда ништо. Знаете тие луѓе кои работат надвор од Македонија не доаѓаат и го нема тој приход кој тие луѓе го трошат во Македонија. И сето тоа не носи во огромна економска криза. Плус разочараноста во целиот систем, да не зборуваме за образованието, скандалозно, три-четири месеци сме без никаква платформа во образованието, каде се одржуваа каде не се одржуваа часови. Има огромна разочараност. И тој брза што ќе фати, да фати побргу, што повеќе гласови што ќе може да земе. Инаку ќе соочи со огромен дебакл на изборите, вели Таравари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This