ТАРАВАРИ МУ НАПИША ОТВОРЕНО ПИСМО НА ЗАЕВ: Не си играј со народот, ниту македонците, ниту албанците те сакаат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, со писмо му се обраќа Зоран Заев потсетувајќи го дека Зијадин Села го ризикуваше животот покрај него, а тој и илјадници Албанци биле подготвени да му излезат во пресрет. Отвореното писмо на Таравари, објавено на Фејсбук, го пренесуваме во целост.

Letër e hapur për z.Zoran Zaevin,Përshëndetje Zoran, uroj që letra ime të të gjej mirë! Ka dy gjëra që dua t’i theksoj…

Posted by Arben Taravari on Monday, February 19, 2018

Отворено писмо до г. Зоран Заев,

Здраво Зоранe, посакувам моето писмо да те најде добро! Постојат две работи што сакам да ги нагласам уште на почетокот на моето писмо:
Како прво, писмото е отворено бидејќи можеби нејзините редови ќе ги разбере целиот владин „блок“ што е битно да разбере и, како второ, писмото ти го упатувам лично тебе, вон функцијата која ја вршиш, затоа што мислам дека има потреба да се вратиш кај Зоран. Само еден совесен Зоран може да го спречи распаѓањето на премиерот, функција која ти ја довери народот.

Сега, со право ќе речеш – какво е ова писмо од Арбен?! Ми напишал можеби некоја поплака… нека се занимава со ДУИ! Што има со мене? Јас правам политика… Што да му правам на Невзат?! Тој се однесува како дете! Тера инает со градот што не го избра и сега им прави лошо на граѓаните!

Зоране, како прво, до 27 април 2017 година се боревме против истите идеолошки непријатели, тие беа Груевски-Ахмети. Според твоите храбри пријави, до некаде сфативме дека биномот Ахмети-Груевски (не сакам да кажам ДУИ и ВМРО, бидејќи има невини луѓе на двете страни), значи сфативме дека овој бином не беше само идеолошки против нас, туку од “бомбите” што ги објави, сфативме дека тие се вмешани и во тешки злосторства против човештвото, инскенирајќи лажни судења, правејќи економски масакр!

Така да, во страшната ноќ од 27 април, каде што претседателот на мојата партија Зијадин Села го ризикуваше животот покрај тебе, јас и илјадници Албанци бевме подготвени да ти излеземе во пресрет и тебе кој што беше исто така под закана!

Значи, ти беше човек кој, без разлика на етничката припадност, Албанците се наредија на страната на добрите!

Но, ти имаше ужасен услов да ја преземеш власта, требаше да соработуваш со еден од виновниците кои сам ги пријавуваше, со Ахмети! Ахмети и ДУИ кои што везден ги нарекуваше Виновници, за кои што велеше дека има прислушувани разговори кои лошо ги обвинуваат, токму нив!

Тука, според тебе, започна Политиката, а според мене, тука започна Лицемерието!

Ти ја делиш власта со оние кои учествуваа на политичкиот погреб на нивниот партнер, а сега почнуваат да го подготвуваат, според мене, твојот! Заев, Албанците не те сакаат! Ниту Македонците! Ниту Турците!

Ова е тешка изјава и жалам за ова, но зборувам барем за 100 илјади луѓе од Гостивар!

Според условите на маса, ДУИ бараше Бејта да победи во Гостивар. Но, народот не се согласи со ова барање на ДУИ, Бејта изгуби!

Сега, почитуван Зоране, кажи ми:

Се остава ли град со 100 илјади жители без буџет за атер на ДУИ?!

Му се доделуваат ли на еден град вкупно 1000 евра за цела година за култура?! Дури и во Африка да се наоѓавме, ќе направеше нешто УНЕСКО и ќе бевме заштитени!

Се давиш во диктаторски скандали, бе Заев! Едно време мислев дека си фер! Вака како ја тераш, создаваш 100 илјади непријатели?!

Деновиве очекувам сите надлежности од областа на образованието, од Општина Гостивар да ги пренесеш на централната власт! Срам и брука! Што ќе им кажеш на Европа и Америка, што одиш против нивните стратегии?!
Те зема на шија ДУИ!

Знаеш што вели народот за тебе?!

Вели дека си на добар пат да станеш нов Груевски! Но не си. Јас сум невролог и многу сум ја проучувал човечката личност и ти не си како Груевски, но опкружен си со погрешни луѓе и ризикуваш да станеш! Во моментов одиш само надолу и надолу!

Зоране, те потсетувам дека работиш како премиер на државава, затоа стави прст на глава и немој да бидеш како Груевски! Што правиш вака? Ти како да играш оксан, а плочки се жителите на Гостивар! A воедно се земаш себеси на шија!

И на крајот, почитуван Зоран:

Функцијата премиер ти ја довери народот, не се поигрувај со неа! Особено сега е многу опасно за судбината на државата да се поигруваш со народот!

Поздрав од Гостивар!

Арбен Таравари

Градоначалник на општина Гостивар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This