April 20, 2024, 10:57 am

Таравари најави соработка сите партии кои имаат кредибилитет во општините каде што натпреварува Алијансата за Албанците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изборот на кандидати за локалните избори во октомври во коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе започне на 15 јуни, додека на 15 август ќе бидат објавени кандидатите за сите општини каде ќе се натпреварува оваа коалиција.

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, на прес-конференцијата објави дека ќе се обидат да соработуваат со која било партија, вклучително и со ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ и со ромски или со турски партии.

„Алијансата за Албанците заедно со Алтернативата ќе има соработка со повеќе партии. И македонски и албански, турски, ромски. Со сите партии кои имаат кредибилитет во општините каде што се натпреваруваме“, рече Таравари.

Од Алијанса за Aлбанците велат дека се уште немаат став по однос на резолуцијата на ВМРО ДПМНЕ. Најавија дека во следните неколку дена ќе ја донесат конечната одлука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This