ТАРАВАРИ ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА ЌЕ ИМА ОТПУШТАЊА: Буџетот кој го донесе СДСМво советот во Гостивар, ќе значи отпуштања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари предупредува дека општинскиот Буџет кој денеска беше изгласан со поддршка на мнозинството во Советот ќе предизвика отпуштања на вработени во градинките, комуналното претпријатие и противпожарната единица.

Тој смета дека скратувањата кои комисијата за финсисирање ги предложи имаат политички мотиви за да, како што нагласи, општинското раководство во јавноста биде прикажано како неспособно да управува со локалнта самоуправа.

– Изгласан е Буџет со измени со што ќе се попречи работењето на Таравари. Целта на мнозинството во Советот и централната власт е да бидам прикажан како неуспешен, рече Таравари.

Од планираните 12 милиони денари во Програмата за времени вработувања, додаде, по инсистирање на ДУИ и СДСМ направени се измени со скратување на само една четвртина.

– За жал, ова ќе придизвика повеќе отпуштања на негувателки и воспитувачки во градинките, пожарникари и дел од моите соработници. Очекував дека некои од советниците ќе имаат доблест и да бидат на страната на граѓаните, но сепак се покажа дека попуштиле под притисоците. И покрај овие пречки, ќе продолжиме со реализација на планираните проекти, истакна Таравари.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This