April 26, 2024, 10:43 pm

Таравари разочаран од Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утринава во „Утрински брифинг“ свое јавување имаше и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари кој што посочи дека, за жал, оваа Влада наместо закони за децентрализација носи закони на централизација како на образовни и здравствени институции.

-Јас на почетокот бев огромен оптимист бидејќи премиер тогаш ни беше еден бивш градоначалник и мислев дека ќе направи одредени чекори во правец на децентрализација. Меѓутоа тоа остана само демагогија. Тоа остана само продавање на магла, дека ќе направиме, ќе се почне со децентрализација, меѓутоа се уште сме во првиот стадиум, појасни Таравари.

Таравари додаде дека во Гостивар има одредени објекти посебно културни кои се уште не се под ингеренции на општината.

„А, да не се говори и за новите закони за здравствена заштита, новиот закон за образование кој што цело време се говори за децентрализација, а тие закони за жал се централизација на образовните и здравствените институции“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This